Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ги оштетиле за 10.000 долари, им праќале закани преку Фејсбук, им фрлиле молотов коктел пред домот – против три лица од Скопје се води истрага за изнуда

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Две лица на возраст од 26, односно 24 години, се осомничени за „Изнуда“, а 26-годишник е осомничен за помагање во извршување на кривичното дело. Против нив е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка, се наведува во соопштението на Обвинителство.

„Осомничените, во периодот од март 2024 година до 04.02.2025 година, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со сериозна закана ги присилиле двајца оштетени сопружници да им дадат парични средства во износ од 10.000 долари. Жртвите најпрво почнале да добиваат пораки од првиот осомничен на социјалната мрежа „Фејсбук“, дека нивниот син наводно му должи пари, без да наведе износ. Потоа започнал да им испраќа и заканувачки пораки, а го ангажирал и вториот осомничен со други непознати лица да им се закануваат на оштетените и да бараат исплата на наведените средства“, се вели во соопштението на обвинителството.

„Како дел на дејствијата на изнуда, тие им го скршиле стаклото на автомобилот на жртвите, со молотов коктел им ја опожариле влезната врата од станот и континуирано им се заканувале по живот. Синот кој бил во Америка, исто така, им потврдил на родителите дека и таму добива закани преку пораки и јавувања. На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе паричните средства од оштетените, по што на лице место бил лишен од слобода од полициски службеници“, додаваат од обвинителството.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, како и мерка куќен притвор за помагачот.