Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ослободени уште 10 израелски заложници и двајца Тајланѓани – петти ден од примирјето меѓу Израел и Хамас

/

пред 1065 дена

Сподели преку :

Хамас ослободи нови 12 заложници. Десет од нив се израелски државјани, а двајца се Тајланѓани на возраст од 17 до 84 години, потврди израелската армија. Тие го напуштија Појасот Газа и во придружба на тимови на Црвениот крст се превезени на израелска територија. Петтата група на ослободени Палестинци од израелските затвори, пак, се очекува да брои 30 лица, по 15 жени и деца, сите на возраст под 18 години.

Портпаролот на израелската војска ја повика меѓународната заедница да изврши дополнителен притисок врз палестинската милитантна група за пуштање на слобода и на преостанатите киднапирани лица кои се држат во енклавата.

Началникот на Генералштабот на израелските сили Херци Халеви претходно порача дека армијата е подготвена за продолжување на борбите по завршување на примирјето. Деновите без борби, како што рече, се користат за прегрупирање, набљудување, зајакнување на подготвеноста и дополнителна разработка на оперативните планови. Фокусот го стави на воените дејствија кои што ќе следуваат, но најави и истраги за пропустите кои доведоа до нападот на Хамас на 7 октомври.

Петтиот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас почна со меѓусебни обвинувања за кршење на договорот. Израелската армија тврдеше дека неколку нејзини припадници биле повредени во размена на оган на северот на Газа. Од палестинската милитантна група, пак, возвратија дека први почнале израелските војници, а нејзините припадници само одговориле на огнот. Но, препукувањата меѓу Израелците и Палестинците на крајот од денот резултираа со нова размена на заложници и затвореници чии семејства се надеваат дека примирјето ќе продолжи до размена на последните договорени лица, иако се свесни дека потоа ќе се продолжи со деструкција, агонија и убивање. Светската здравствена организација, пак, предупреди дека повеќе луѓе во Газа би можеле да умрат од болести одошто од бомбардирањето, доколку здравствениот систем во енклавата не се опорави.

Сашко Димовски