Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи: ДУИ бара сеопфатна истрага од институциите за Рамиз Мерко, ја прекинуваме изборната активност во Струга

/

пред 1216 дена

Сподели преку :

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) бара од државните институции да започнат сеопфатна истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации, истакна министерот за надворешни работи (МНР), Бујар Османи на денешната прес-конференција, нецел ден по соопштението на Стејт департментот преку кое македонската јавност дозна дека Мерко заврши на „црната листа“ на САД.

„ДУИ ги повикува сите државни институции, во соработка со меѓународната заедница, да започнат истрага за сите политички партии, од претседателите до најниските ешалони на партиите, бидејќи само на тој начин ќе може да се бориме против корупцијата“, изјави Османи.

Тој додаде дека ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга, се додека не се создадат услови за тоа.