Семејството Скаик, по долго време, безбедно е евакуирано од Газа, а од денеска безбедно пристигна и во Македонија.
Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и, пред сè, конзуларен предизвик, со оглед на сложената безбедносна ситуација во регионот, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска си прими членовите на семејството Скајк во неговиот кабинет.
Тој се заблагодари на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и во Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и во Израел, како и на Меѓународната организација за миграција која помогна при нивното префрлање во Скопје.











