Клубот на Македонците во Благоевград „Никола Вапцаров“ заврши во ист кош со клубовите на Бугарите во Битола, „Ванчо Михајлов“ и во Охрид, „Цар Борис Трети“, како клубови кои не работата во интерес на граѓаните и добрососедството меѓу Македонија и Бугарија. Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, денеска дециден дека клубовите, вклучително и и макеоднскиот во Благоевград, не им прават услуга ниту на Македонците во Бугарија, ниту на Бугарите во Македонија.
Туку напротив има обратна функција. Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно и сите аспекти од отворањето. Тоа е една фондација од Канада која има свој веб страна и ако ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата, ќе видите дека не е во функција во стратешките интереси на државата, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи на Македонија.
Ако македонската дипломатија и институции експресно за една недела открија и ги обелоденија фининсиерите на македонскиот клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, оценувајќи ги како штетни за меѓудржавните односи, се уште не именуваат кој стои зад бугарските клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ во земјава, првиот отворен во април, вториот во октомври.
Институциите имаат информации, вели Османи.
На прашањето да ги каже, особено што за клубот „Ванчо Михајлов“ се чека на тоа од парил, Османи одговори:
Апсолутно и затоа велам и клубот овде не е во функција на бугарската заедница и добрососедските односи и овој клуб финансиран од ова канадско здружение не е во функција на макеоднската заедница… Таму има формални здруженија. Бугарскиот амбасадор беше на отворањето на клубот. Бугарскиот премиер беше на другиот клуб. Јасно е кој стои.
А освен здруженијата и клубовите на Бугарите и Македонците во двете земји Османи со својот бигарски колега, Николај Милков, на средбата во Берлин пред неколку дена се договориле да не дозволат провокатори од двете страни да ја киднапираат конструктивната агендата меѓу двете земји, дури и ако токму тие провокатори се лично Милков, неговиот заменик Коџобашев или првиот човек на бугарската историска комисија, Ангел Димитров. Сепак тоа тоа не може да се реши во еден ден, бидејќи вели Османи, да немаше проблеми со Бугарија немало да има потреба од процес за надминување на разликите.
Тамара Грнчароска











