Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи: Македонските државјани се добро и на пат кон дома

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

По извршено интервју и анализа од страна на полицијата на Косово утрово македонските државјани кои вчера се најдоа на линијата на огнот кај Бањска се упатени кон дома придружувани од косовската полиција, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Додава дека околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи вооружениот напад врз косовската полицијата.

– Во текот на вчерашниот ден косовската полиција беше веднаш соодветно известена за оваа ситуација по редовните канали, а јас лично разговарав и со мојата колешка Доника Гервала – Шварц. Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, се вели во информацијата која ја сподели Османи.