Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи се надева дека по победата на Трамп Вашингон ќе ги забрза македонските преговори за членство во ЕУ.
Според него ако претседателот Трамп и Америка се вклучат директно и формално во гарантирањето на процесот, може да се создаде една порелаксирана атмосфера во преговорите за членство во ЕУ.
Тој во интервју за „360 степени“ вели дека Трамп и неговата администрација имаат различен пристап кон меѓународната политика. Републиканецот според Османи повеќе сака резултати сега, отколку дипломатија и разговори до бесконечност и билатерализација наспоти мултилатеризација.











