Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Основци биле физички нападнати, додека биле на екскурзија во паркот во Гази Баба

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Неколку ученици основци биле физички нападнати од други малолетници,  додека биле на еднодневна екскурзија во паркот во Гази Баба.

Родител пријавил во полиција  дека  неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. На еден од учениците му бил одземен и личниот накит.

Учениците биле од основно училиште од Аерoдром.

„На 11.05.2026 во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит.

Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.