Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Oсомничени се двајца полициски службеници од Кичево за грабежот во гостиварската златара

/

пред 355 дена

Сподели преку :

Истрага против двајца осомничени отвори обвинителството за грабежот на 18 килограми злато од златара во Гостивар на 10 октомври.

Осомничените се полициски службеници од Кичево кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица по кои се уште се трага. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот.

На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот.

Едното возило беше запалено на патот Гостивар-Дебар, а другото било пронајдено напуштено во Кичево. Златото вредно 1, 8 милиони евра беше украедно пред очите на локалните жители.

Т.Д.