Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Остануваме да ве поддржуваме – Шолц претпладнево во Киев на средба со Зеленски

/

пред 687 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц, за првпат по две и пол години, денеска пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Посетата не беше најавена поради безбедносни причини.

По пристигнувањето, германскиот канцелар најави дополнителни испораки на оружје за одбрана на Украина од Русија во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември.

„Би сакал да појаснам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“, рече Шолц, кој во главниот град на Украина отпатува со специјален воз.

Последната посета на Шолц на земјата беше во јуни 2020 година.