Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оставки или разрешувања – Арсовска останува без директорите на ЈП од ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 1499 дена

Сподели преку :

Се редат оставки и се продлабочува пресметката мегу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на град Скопје.

Незаинтересираност за потребите на скопјани, нарушена координација и комуникација  со Арсовска. Ова се дел од причините за оставките кои во исто време ги објавија на Фејсбук, директорите на јавните претпријатија Градски Паркинг и Дрисла, Бојан Христовски и Јане Мицевски.

Им дадоа поддршка на разрешениот директор на Водовод, Златко Перински и на екс секретарот Велковски за што велат Арсовска водела хајка и без аргументи ги елиминирала.

„Малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот“ – вели Бојан Христовски, сега веќе поранешен директор на ЈП Градски паркинг.

„Сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје“ – оценува Јане Мицевски, поранешен директор на ЈП Дрисла.

Арсовска им одговори дека нејзина била одлуката да не бидат на чело на претпријтијата а изборот како ќе си заминат им го оставила ним.

Немале разултати од работата.

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени. Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери“ – тврди градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Дека немало ваква понуда од Арсовска до директорите за заминување одговорија од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ кои за градоначалничка кажаа и дека не е способна да донесе резултати кои ги вети.

„Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење. Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат“ – тврди советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Пресметките меѓу довчерашните сојузници кои пред локалните избори ветуваа модерна метропола отвори многу прашања за идното функционирање на градот и советот.

Арсовска вчера уверуваше дека  градот ќе продолжи да ги реализира проектите во интерес на Скопје и очекува поддршка од сите советници кои работат во интерес на граѓаните.

Тврдеше дека не е скарана со опозициската партија туку само со поединци кои тераат лични интереси. Од ВМРО-ДПМНЕ и пратија порака

Арсовска постави нов в.д директор на водовод и канализација- Марјан Митовски досегашен вработен во претпријатието.

Нов секретар на градот е Зоран Глигоров, досегашен шеф на кабинет

Елена Ивановска Мукоска