Обид за укинување на албанскиот јазик загарантиран со Уставот и Законот за употреба на јазиците од 2018 година, кој е оспорен пред Уставниот суд. Вака од ДУИ реагираат на вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, кој коментирајки го ветото на претседателката, рече дека службен јазик на територија на цела држава е македонскиот а оние граѓани кои ќе побараат формулар на албански ќе полагаат и ќе добијат лиценца на албански јазик.
Обвинуваат дека власта има план за деградирање на службениот статус на албанскиот јазик, враќајќи една застарена и неприфатлива формула, од Законот од 2008 година.
За ДУИ, ова е неприфатлив потег, и нема да дозволиме албанскиот јазик да биде сведен на секундарен статус или да биде условен од бирократија или политичка волја на поединци. Ќе ги искористиме сите политички, правни и демократски средства за да се спротивставиме на овој регресивен чекор и да го одбраниме статусот на албанскиот јазик изјави Амир Шабани.
Одговорија од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Реториката на ДУИ е веќе видена и со цел да ги заштити криминалците од нивните редови
Реториката на ДУИ, со која се обидува да поттикне некаква политичка тензија и меѓуетничка нетрпеливост, нема да помине. Затоа што сите знаат, а најдобро албанските сограѓани, дека стекнатите колективни права во државата не се и никогаш не може да бидат загрозени, соопштија од владејачката партија.
Претседателката Сиљановска Давкова стави вето на Законот за заштита на децата поради двојазични лиценци за градинките но и затоа што се остава простор за дискрециони овластувања на министерот. Таа вчера одговори и на критките дека ниту имала имала намера да навреди некој јазик, ниту пак се водела од партиски совети.
Елена Ивановска Мукоска











