Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Осум луѓе загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер Б-52

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер Б-52 загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД.

– Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци – изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција.

Тој посочи дека надлежните се во процес на известување на семејствата на жртвите и дека дополнителни информации за загинатите ќе бидат објавени по завршувањето на таа постапка.

Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека двајца од загинатите биле вработени во компанијата.

Хејс изјави дека летот, кој полетал доцна претпладнето во понеделникот (по локално време), бил наменет за тестирање на нов радарски систем. Според него, авионот се урнал само неколку моменти по полетувањето, а потоа се запалил.

– Во овој момент немаме никакви индикации за причините за несреќата. Не можеме да објавиме такви информации и нема да можеме да дојдеме до нив во скоро време – рече Хејс.

Претходно, Воздухопловните сили соопштија дека првичните информации укажуваат оти несреќата не оставила можност за преживување, додавајќи дека екипите за итна интервенција веднаш биле испратени на местото на падот.