Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отказ и веројатна кривична пријава за тетовскиот гинеколог кој ги снимал пациентите и колегите а видеото го објавил на Тик Ток

/

пред 1284 дена

Сподели преку :

Во полициска станица заврши лекарот кој снимал видео во кое се гледа лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала помош во тетовската болница, на одделението за киретажа а беше објавено преку мрежата “Тик Ток”.

По пријава од директорот на болницата, Плумб Вела, дваесет минути пред полноќ полицијата го привела 43-годишникот, вработен како анестезиолог.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информираше дека лекарот е отпуштен од работа.

Од Лекарската комора најостро го осудуваат инцидентот и велат дека итно ќе го испитаат случајот и во најкус рок ќе бидат свикани органите на Комората да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки.

„Со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба. Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес“ – соопшти лекарската комора.

Јавен обвинител работи на случајот и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според неофицијални информации во ваков случај лицето може да се товари за кривично дело неовластено снимање.

Данијела Билбилоска