Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отповикани седум амбасадори со укази од претседателката Сиљановска Давкова

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска Давкова кои се објавени вчера во „Службен весник“.

Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Северна Македонија од НАТО – Дане Талески, од Албанија – Данчо Марковски, од Данска – Фатон Бејта, од Казахстан – Сали Лимани и од Катар – Шабан Јашари.

Отповикани се амбасадорката Теута Агаи Демјаха која е шефица на постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во постојаната делегација на Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември годинава.

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во „Службен весник“, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.