Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Започна аплицирањето за шестото издание на Наградата на ЕУ за Ромската интеграција во Западен Балкан и Турција. Оваа година, фокусот е на иницијативите кои значително придонеле за вклучувањето на Ромите во образованието (предучилишно, основно и средно). Краен рок за аплицирање е 28 февруари 2025 година.

Наградата, финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania, ќе додели 8000 евра за прва награда и 5000 евра за втора награда. Сите добитници ќе добијат статуа и ќе учествуваат во студиска посета во Брисел.

Целта на ЕУ е да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите кои значително ги подобриле животите на Ромите и кои можат да бидат реплицирани во иднина.