Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пациенти талкаат низ здравствениот систем, додека законите за семејните лекари тапкаат во место

/

пред 139 дена

Сподели преку :

Трите закони кои цело време ги бараме: Законот за електронско здравство, Законот за здравствена заштита и Законот за докторска дејност се очигледно заглавени низ лавиринтите на Министерството за здравство и надлежните институции, реагираат од Здружението на семејни лекари. Два закона од нив се поминати на ЕНЕР, но не и Законот за докторска дејност, реагира д-р Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на семејни лекари. Дури и по 15 години, специјалистите по семејна медицина сè уште не се признати кај нас.

„Европскиот парламент веќе потегна иницијатива во европските земји да се изедначи коефициентот на специјалистите по семејна медицина со останатите специјализации. Седум европски земји ја поднесоа таа иницијатива и нивните министерства ја поднесоа таа иницијатива. За првпат на симпозиумот, кој го имавме оваа година, слушнавме од Фондот за здравство дека ќе направи одредени разлики“, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ-СМ.

И покрај тоа што семејниот лекар има голем број компетенции, тоа не е соодветно вреднувано. Во голем број случаи, тоа се одразува и на пациентите, вели Ѓорѓиевски.

„Сè уште имаме лекови како еден инхалаторен спреј за нос, а ова е земја на алергиски реакции и хронични риносинусити ние да мораме да добиеме препорака од специјалист по ОРЛ. Тоа е шеткање на пациентите низ системот. Семејниот лекар треба да опфати 70 до 80% од популацијата и да се спуштат ингеренциите и услугите. За да можеме да закажеме една компјутерска томографија, кога гледате на рендгенографијата дека има одредена сенка, која што во позадина може да укажува на карцином, зошто тој пациент да оди до пулмолог? – Треба директно матичниот лекар да го препрати на компјутерска томографија, да се скрати патот до дијагноза, затоа што со рана дијагноза ние ќе имаме подобра превенција на пациентот“, додаде  д-р Ѓорѓиевски.

Законот за здравствена заштита е системски закон кој се однесува на целокупниот систем на здравствена заштита, велат од Министерство за здравство, во кој секако се вклучени и одредби кои се однесуваат на докторите, но и на другите здравстени работници и соработници. Сите потребни измени кои се однесуваат на докторската дејност ќе се внесуваат во Законот за здравствена заштита, стои во дописот на надлежното министерство.

Нина Стефанова