Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пад на индустриското производство, најголем удар во енергетскиот сектор

/

пред 372 дена

Сподели преку :

За 3, 5 отсто е намалено индустриското производство во август во однос на истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори во преработувачката индустрија намалувањето е 1, 4 отсто.  Тука падот генерално се должи на намаленото производство  на прехрамбени производи од 6, 1 отсто, на машини, такстил, мебел, фармацевски производи. Сепак, за ваквите податоци за индустриското производсвто големо влијание има и двоцифрениот пад од речиси 27 отсто кој е забележан во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Во секторот рударство и вадење на камен во спроедба со август лани забележан е раст од 7 отсто.