Утрово, возејќи велосипед, 64-годишен човек бил повреден, откако врз него паднал дел од лимена заштитна ограда поставена околу градилиштето во центарот на Скопје, во близината на поранешно „Беко“.
„На 15.07.2025 година, околу 7:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Даме Груев“, додека лицето С.П. (64) се движело со велосипед, врз него паднал дел од лимената заштитна ограда поставена околу градилиштето. Повредениот е пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар“, стои во соопштението на МВР.
Засега нема подетални информации за состојбата на повреденото лице, ниту пак за причините поради кои заштитната ограда се откачила и паднала. Надлежните органи прават увид на местото на настанот за да се утврдат околностите под кои се случил инцидентот.











