Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Падна првиот снег на Водно

/

пред 693 дена

Сподели преку :

А утрово и на врвот на Водно падна првиот снег. Студениот бран ја донесе првата снежна покривка. Во Скопје и околината студено, врнежливо утро, ниски температури и преку ден, а според најавите очекувањата се дека во наредниот период тие ќе опаднат за пет до седум степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со услови за појава на повремен снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. До четврток ќе владее променливо облачно и постудено време, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини, особено во ноќта кон вторник, ќе има услови за појава на повремен снег. Во петок се очекува разведрување, и покачување на дневната температурата за неколку степени.