Со изведување на докази од одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Главниот обвинет за случајот денеска во своја одбрана го имаше повикано да сведочи еден од инспекторите од Велес кои работеле на наоѓање на тогаш исчезнатото лице Жежовски. Палчо акцент стави на претресот во куќата на обвинетиот Боре Видевски од Велес и на оружјето, муницијата и дозволите за оружјето кои ги поседувал.
Случајот го следи колешката Марија Митевска.











