Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Со воведувањето на проектот „Безбеден град“, Скопје започнува суштинска реформа во управувањето со сообраќајот, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Наместо застарените модели, ќе се применуваат паметни и адаптивни технолошки решенија за подобра сообраќајна организација, вели тој во статус објавен на Фејсбук.

Според Ѓорѓиевски, новиот систем ќе воведе таканаречен „паметен зелен бран“, кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали метежите и ќе овозможи побезбедно и поефикасно движење низ градот, особено во централното подрачје.

Тој истакна дека Советот на Град Скопје во наредниот период треба да донесе низа одлуки поврзани со сообраќајната организација, со цел целосна имплементација на системот „Безбеден град“ и подобрување на секојдневниот сообраќај во главниот град.