Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парче метал се „отцепило“ од Меѓународната вселенска станица во 2021 година, падна врз приватен имот на Флорида на 8 март

/

пред 900 дена

Сподели преку :

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека парче на отпад што минатиот месец падна врз приватен имот на Флорида се откинало од Меѓународната вселенска станица.

Според НАСА, металниот објект бил дел од палета за товар на вселенската станица што се „отцепил“ на 11 март во 2021 година. Речиси три години подоцна, на 8 март, во НАСА очекуваа тој да согори како што ќе навлегува во земјината атмосфера, но парчето вселенски отпад „преживеа“ и заврши во домот на Алехандро Отеро.

„Се тресев. Не можев да поверувам. Какви се шансите нешто да слета на мојата куќа со толкава сила и да предизвика толкава штета? – Благодарен сум што никој не беше повреден“, вели Отеро.

Металното парче се користело за монтажни батерии на товарна палета. Од НАСА најавија истрага за причините за инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)