Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира нов состанок во Париз за Украина, на кој ќе учествуваат претставници од неколку европски и неевропски држави, вклучувајќи Грција, Финска, Романија, Шведска, Белгија, Чешка, балтичките земји, Норвешка и Канада.
Макрон изрази подготвеност за разговори со рускиот претседател Владимир Путин кога ќе биде соодветно време за преговори.
Тој истакна дека Европа во моментов не е способна да ја обезбеди својата одбрана без САД, а исто така не е подготвен да испрати копнени сили на украинскиот фронт.
Како можност за безбедносни гаранции за Украина, Макрон предложи испраќање воени експерти или ограничени сили. Франција и Велика Британија разгледуваат и договор за солидарност со Украина.











