Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парк во Тетово ќе има, но кога – не се знае

/

пред 1625 дена

Сподели преку :

Тетовчани не се откажуваат од идејата градот да добие вистински парк. Откако делумно се разочараа од ставовите на советниците, овој пат на барање на Граѓанската иницијатива, која ја покрена оваа идеја, нејзини претставници се сретнаа со градоначалникот Биљал Касами. На неа гледаат како позитивен исчекор.

Надеж во целата ситуација дава договорената средба на стручни лица од двете страни за суштинска расправа за рамката за конкретно решение, велат од Иницијативата.

Касами во изјава за медиумите рече дека ја поддржува идејата и ги охрабрува да продолжат како иницијатива која ќе се залага за остварување на граѓанските права, но без конкретни детали за можностите за реализација.

Иницијативата „Тетово сака парк“ граѓанскиот предлог, потпишан од над 60 интелектуалци, до Општината го поднесе на 21 февруари. Бараат да се направи вистински парк во градот познат по аерозагадувањето и градежната експанзија, затоа што сега има 0,2 m² парковска површина по жител, наместо препорачаните 9 m² . Градскиот парк би го опфатил просторот на Спортскиот центар, Жена паркот и поранешните претпијатија Шик Јелак и Монопол.

Данијела Билбилоска