Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

/

пред 889 дена

Сподели преку :

ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше на митинг во Кочани. Носителот на листата во тројката, Драган Ковачки зборуваше за новите проекти, лидерот Мицкоски потенцираше дека однесувањето на СДСМ и на ДУИ ја подрива европската идеја во Македонија.

Зијадин Села ја потврди евроинтеграцијата како приоритет за Алијансата на Албанците.

Максим Димитриевски ја презентираше програмата на ЗНАМ во Кавадарци и Неготино.

Коалицијата „Вреди“ од Тетово вети 800 евра минимална плата.

Левица нуди проект кој ќе му обезбеди на секое семејство сопствена централа за производство на електрична енергија.

СДСМ вечерва беа во Гостивар, каде се обратија лидерот Ковачевски и носителката на листата во шестката, Славјанка Петровска.

Во продолжение, дел од пораките од партиските карвани низ земјата.