Во пресрет на почетокот на официјалната изборна кампања, дел од партиите од албанскиот политички блок денеска упатија повик за коректна, демократска и достоинствена изборна трка.
Од партиите нагласуваат дека фер натпреварот и почитувањето на политичките ривали се основа за стабилна демократија и израз на политичка зрелост.
Тие апелираат до сите учесници во изборниот процес да се воздржат од говор на омраза и провокации, со фокус на програми и решенија за граѓаните.











