Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Патнички авион на Ер Индија се урна при полетување кон Лондон

/

пред 493 дена

Сподели преку :

Авион на Ер Индија, се урна при полетување од меѓународниот аеродром во Ахмедабад, на пат кон Лондон.

Инцидентот се случи околу 13:38 часот по локално време, само неколку минути по полетувањето. Според првичните извештаи, авионот, Боинг 787, се урнал во близина на периметарот на аеродромот, во областа Меганинегар.

Во авионот, во моментот на несреќата имало околу 244 лица, вклучувајќи 232 патници и 12 членови на екипажот. Според сведочењата на очевидци, од местото на несреќата се издига густ црн чад.

Спасувачките екипи веднаш реагирале на местото на несреќата, но засега нема официјални информации за бројот на жртви или повредени.

Според податоците на Дирекцијата за цивилна авијација на Индија, истрагата за причините на несреќата е во тек.