Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Патот од Пантелејмон до Средно Водно поради голомразица небезбеден за моторни возила

/

пред 641 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи информира дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираат да не се користи поради голомразица.

На овој потег, како што велат од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска треба да биде испратена машина за интервенира.

– По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина и да се интервенира, се вели во информацијата од ЦУК.