Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Педијатрите во велешката болница му го спасија животот на седуммесечното бебе кое случаен минувач го пронајде на улица во Велес

/

пред 827 дена

Сподели преку :

Со натчовечки напори на педијатрите во велешката болница му го спасија животот на седуммесечното бебе кое вчера  случаен минувач го пронајде на улица во Велес  во исклучително тешка состојба, на моменти до смрт. Битката за животот на бебето се уште трае, велат од велешката болница, но тоа сега  е  под надзор на лекарски тим и прима соодветна терапија.

-Во текот на вчерашниот ден на 12 јули околу 16,30 ч. на Одделението за педијатрија е донесено машко  доенче, пронајдено само на улица во централниот дел на градот. Во моментот на прием на одделот е констаирана неухранетост кај доенчето со ниска телесна тежина од само 4600 грама, тоа е донесено фебрилно, сомнолентно, поспано, дехидрирано, со пролив, повраќање, сува кожа . Поставено е на инфузија, рехидратациона терапија, извршена е корекција на ацидоза, интензивно опсервираное  цела ноќ од страна на дежурен доктор и екипа. Утрово  бебето е во подобра здравствена состојба “, рече Марина Андова, портпаролка на Општа болница Велес.

Мајката е 20 годишна девојка која вчера дошла во болницата во Велес и се претставила дека е мајка на доенчето, по што заминала , а утрово повтроно се вратиле и сега е во болничката соба заедно со бебето.

-Имам информација  дека и неговата мајка се придружила со него на одделот за педијатрија. Се уште се води интензивна опсервација, се надеваме дека  ќе излезе од животна опасност, но се уште се води битка за неговиот живот, вели Андова.

Велешката болницата настанот за напуштеното бебе  го пријави во полиција,  полицски тим веќе извршил  увид, а се очекува случајот да го преземат и стручните служби од Центарот за социјални работи во Велес.