Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пекарите се заканија дека нема да произведуваат леб ако владата ја замрзне цената

/

пред 1326 дена

Сподели преку :

Пекарите денеска се заканија дека штом владата ја донесе одлуката да се замрзнат цените на лебот на 33 денари, тие повеќе нема да го произведуваат. Откако ќе влезе одлуката во Службен Весник и официјално ќе стапи на сила, леб нема да има во продавниците.

Пекарите се лути на барањето на министерот за економија Бектеши кој препорача владата да ја донесе одлуката цената на белиот и полубелиот леб да се замрзне на 33 денари. Но, анализите на министерството покажале дека голем дел од компаниите од прехрамбената индустрија ја злоупотребиле субвенционираната струја и не ги намалиле цените на основните производи, иако три месеци ја користеа мерката. Тврдеа дека струјата не е единствениот трошок, туку дека трошок им се и суровините.