Kинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Пекинг работи на деескалација на тензиите во Иран, нагласувајќи дека разговорите меѓу САД и ИРАН се клучни и ги повика страните да се стремат кон прекин на огнот и да го вратат мирот.
Тoj разговараше со претставници на медиумите пред салите на Советот за безбедност на тема „Одржување на целите и принципите на повелбата на ОН и зајакнување на меѓународниот систем центриран во ОН“.
-Прво, сите членови на Советот за безбедност треба да го земат одржувањето на мирот како своја мисија, да ја почитуваат повелбата, да ја поддржуваат правдата и да се воздржат од остварување на сопствените интереси или создавање блоковски конфронтации. Второ, важно е да се зголеми гласот и зборот на земјите во развој и малите и средните земји преку реформи, особено за да се реши историската неправда на Африка. Трето, важно е предлозите во Советот за безбедност да бидат пообјективни, фер и инклузивни, вели Ванг Ји.











