Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелегрини денеска, а Урсула фон дер Лајен утре во посета на Скопје

/

пред 361 дена

Сподели преку :

Денеска и во среда ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен. Словачкиот претседател денеска ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и состанок на македонската и словачката делегација. Урсула Фон Дер Лајен пак која ја започна својата годишна турнеја низ Западен Балкан има за цел на турнејата да ја истакне поддршката на Европската Унија за процесот на пристапување на регионот во ЕУ и да разговара за планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година. Од СВР Скопје – единицата за безбедност на патниот сообраќај инфоримраат дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. СВТ Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.