Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски: Со сила, убавина не бива – или час поскоро уставни измени или со нив да се занимава наредниот парламентарен победник

/

пред 1087 дена

Сподели преку :

Францускиот предлог не ја урива Македонија и јас сум за правење на уставните измени час поскоро, нагласи претседателот Стево Пендаровски во вешерашното издание на емисија „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Од тоа не бегам. Ако има денеска 80, денеска, ако има утре, утре, со гласање на полноќ. Ако немаме шанса да дојдеме со две третини, по цена да не правиме продлабочени рани во македонското етничко ткиво, јас би сугерирал да ја мавнеме таа работа, да ја ставиме ад акта и да му дозволиме на утрешниот парламентарен победник или коалиција да се занимава со тоа прашање. Бидејќи со сила убавина не бива“, смета Пендаровски.