Пензионерите кои изминатите години протестираа за линеарно зголемување се задоволни од најавата на власта за покачување на пензиите за две илјади денари – по илјада во септември и уште илјада наредната година.
Тие бараат да се изгласа и нов закон, со кој ќе добијат повеќе бенефиции, меѓу кои и пензионерски картички за попусти во супермаркетите и продавниците.











