Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Перински: Ќе им се даде рок на објектите да ги отстранат недоследностите

/

пред 575 дена

Сподели преку :

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински вели дека по пожарот во „Пулс“ се прават проверки, не само на јавните објекти, туку и на сите угостителски објекти, станбени блокови. Според него, треба да се превенира се што може да се превенира, за да се спречат вакви немили настани во иднина.

Рече дека станува збор за многу широка и обемна акција и на централно и на локално ниво, поради што треба да се почека да се види исходот од неа пред да се носат мерки и заклучоци. Посочи и дека за објектите во кои ќе бидат утврдени недоследности, првично ќе биде даден рок истите да ги отстранат, во спротивно нема да им биде дозволено да продолжат со работа.