Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пешадија и тенкови во напади врз Газа – почна ли копнената офанзива на Израел?

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

Израел изведе локализирани напади во Газа во последните 24 часа, рече главниот израелски воен портпарол, Даниел Хагари. Пешадиски и тенковски единици учествувале во обид за лоцирање на ракетни тимови и заложници, истакна тој во брифинг за медиумите.

Тоа би можело да значи почеток на копнената офанзива на Газа.

„Значителен број на цивили од Газа почнаа да се движат кон југ за да се спасат“, стои во објавата на израелската војска.

„Војниците бараа заложници и собираа докази кои би биле од помош за пронаоѓање на заробеници“, се наведува во соопштението на ИДФ.

Израелските сили соопштија дека „уништиле терористички ќелии и инфраструктира во тоа подрачје“, вклучително и ќелија на Хамас која истрелала противтенсковски проектили кон израелска територија.