Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Песков: Мајдан беше насилен пуч спонзориран од странство

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, говорејќи денеска за протестите и насилството пред 10 години на киевскиот плоштад Мајдан, изјави дека станува збор за насилен државен удар во Украина кој бил спонзориран од странство.

Ние го нарекуваме Мајдан, но всушност тоа беше државен удар, насилен државен удар кој беше спонзориран од странство. Мораме да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име, изјави Песков.

Според него, претставниците на странските земји го препознале фактот дека Мајдан бил спонзориран од странство директно и индиректно, „што исто така не е тајна“.

За нас е најважно да ги постигнеме нашите цели и за таа цел продолжува специјалната воена операција, заклучи Песков.

Пред 10 години, на 21 ноември 2013 година, на плоштадот Мајдан во Киев започнаа протести кои доведоа до државен удар. Повод за масовните протести беше одлуката на Владата да го прекине потпишувањето на пристапниот договор во ЕУ.