Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

/

пред 466 дена

Сподели преку :

Пет пожари се активни на подрачјето на Град Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму информираат дека сè уште е активен и пожарот на депонијата во Визбегово, во Општина Шуто Оризари, а гори и ниска вегетација кај Црквата „Св. Никита“ во Општина Чучер Сандево.

Активен е и пожарот кај Стенковец, кон Бензинската пумпа Дизел, пожарот во Волково, во Општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација и пожар во Катланово, Општина Петровец, каде гори сува трева.

На територијата на државата до 13 часот имало вкупно 14 пожари на отворен простор од кои 10 се активни.

Поради состојбата со пожарите во земјава, во Владата заседава кризниот штаб, со кој претседава премиерот Христијан Мицкоски.