Правниот експерт Ивана Петковска оцени дека државата доцни со исполнување на клучните обврски од Реформската агенда во делот на правосудството, особено со носењето на законите поврзани со кривичната постапка и борбата против корупцијата.
Во Топ Тема таа посочи дека Законот за кривична постапка и Кривичниот законик требало да бидат донесени до 2025 година, но тоа сè уште не е реализирано.
„Станува збор за чекори кои не се исполнети, а веќе и доцнат со исполнувањето, а тоа е Законот за кривична постапка и Кривичниот законик“, изјави Петковска.
Таа нагласи дека измените требало да овозможат посилна кривична постапка и подобро регулирање на делата поврзани со организиран криминал и корупција.
„Требаше да се регулираат коруптивните кривични дела како и злоупотребата на службената положба“, рече Петковска.











