Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петнаесет патници повредени – се преврте комбе на патот Струмица – Валандово

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

Со полесни повреди се здобиле петнаесет патници во комбе-автобусот кое утрово се преврте на патот што води од Струмица кон Валандово.

Сите повредени биле пренесени во струмичката општа болница, а тројца од нив се хоспитализирани. Од болницата велат дека за овие лица е потребен период на следење на нивната состојба.

Несреќата  се случила денеска околу 6 часот и 20 минути. Непознати се причините кои довеле до превртување.

Увид на местото на сообраќајката освен екипа до Полицијата изврши и Јавен обвинител кои треба да конкретизираат како се слуши превртувањето на комбе возилото.

Сузана Мицева