Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски: Филипче не гледа закана за идентитетот, затоа што за него власта е поважна од националните интереси

/

пред 105 дена

Сподели преку :

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ  обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, покажува подготвеност да оди и чекор подалеку од својот претходник Зоран Заев во однос на, како што велат, исполнувањето на бугарските барања поврзани со евроинтегративниот процес на државата.

Според Петрушевски, во услови кога Бугарија и натаму изнесува ставови кои, според македонските власти и институции, се однесуваат на прашањата за македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче испраќа пораки дека нема простор за загриженост кај граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со ваквиот пристап тој ги релативизира бугарските позиции и создава услови за нивно прифаќање.

„За Филипче нема црвени линии, нема национални позиции и нема државни интереси кои не би ги ставил на маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Истата матрица ја гледавме кај Заев, а денес Филипче ја нуди во уште порадикална форма.

Очигледно е дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние кои со години вршат притисоци врз Македонија. Затоа и е најгласен кога треба да се оправдаат бугарските услови, а најтивок кога треба да се бранат македонските позиции“, рече Петрушевски.