Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за молк по објавувањето на документот со чувствителни информации од страна на Бугарија.

Петрушевски истакна дека по дипломатскиот преседан со кој беа загрозени безбедносните информации за претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, јавноста очекувала јасна осуда и извинување од официјална Софија.

„Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност“, посочи пратеникот Петрушевски.

Тој директно го прозва лидерот на опозицијата како „специјален бугарски пратеник“, нагласувајќи дека СДСМ свесно одлучила да го премолчи овој настан.

„Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција“, изјави Петрушевски.

Според владејачката партија, ваквиот став на Филипче не е случајност, туку континуитет во неговото политичко дејствување кога се во прашање односите со соседните земји.

„Почитувани граѓани, молкот на Филипче е негов политички избор. Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан“, додаде Петрушевски.

На крајот од своето обраќање, пратеникот заклучи дека со ваквиот однос опозицијата покажува дека личните и партиските релации со истомислениците во Бугарија ги става пред одбраната на македонските државни интереси.