Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петти ден без интервентни јавни набавки

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

„Сервисот е привремено  недостапен.“ Ова  известување со денови стои на страницата на Бирото за јавни набавки. Пет дена ниту се објавуваат, ниту се следат тендери. Компаниите веќе реагирале  и до бирото. За целиот проблем, за тоа какви се штетите и дали се заштитени податоците во системот, ги прашавме и од Министертвото за финансии, под чија надлежност е ова тело. Но, од таму кусо одговорија дека тоа самостојно фунцкионира и одговори да побараме од таму.

Експетите за сајбер заштита пак,  проблемот го оценија како крајно сериозен. Велат дека државните институции, мора да имаат бекап варијатна за да може системот да функционира. Предупредија дека ако станува збор за хакерски напад, на што и најмногу се сомневаат, податоците можат да бидат злоупотребени.

Да се избришат, можат да се превземат и уценуваат луѓе,  имаше случај и во Албанија,  во најлош случај можат да бидат превземени податоците и да се прават уцени, и сигурно доколку се случил некаков напад инситуцијата, или компанијата одговорна за овој случај е веќе уценета, но сметам дека сите информации треба да се поделат со граѓаните и компаниите кои имаат податоци. сега се злоупотребени и инситуцијата или компанијата одговорна за овој случај, вели за телма експертот по сајбер заштита, Филип Симеонов.

Првиот човек на Бирото за јавни набавки Хаџиев, за Телма тврди не станува збор за хакерски напад и дека сајтот нормално ќе почне со работа по празниците. Станувало збор за поголем технички проблем за кој било потребно повеќе време да се санира. Очекува дека сите податоци во системот и архивата ќе бидат заштитени, а тендерите ќе се пролонгираат за една недела.

Преку Бирото за јавни набавки се објавуваат сите тендери и се спроведуваат сите договори за јавни набавки со државни институции, јавни претпријатија. Од бирото велат дека ова е прв пат толку долго време, сајтот да биде надвор од функција.

Со последните измени  во законот за јавни набавки од 2018 година целосно се отфрлени хартиените документи и процес на набавките се спроведува електронски.

Ирена Чачкова