Вработените во Управата за водење матични книги веќе петти ден штрајкуваат. Доаѓаат на работното место, но ги примаат само граѓаните на кои им е потребен документ за итни ситуации. Претседателот на Независниот синдикат, Тони Милошевски, денес од Тетово порача дека и покрај притисоците кои ги имаат штрајкот ќе продолжи.
Независниот синдикат на Управата бара донесување на колективен договор на ниво на работодавач и линеарно покачување на платите. Милошески вели дека само еднаш биле повикани на преговори во ресорното Министерство.
Инаку во Управата за водење матични книги вработени се 500 лица.
Данијела Билбилоска











