Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пијани навивачи од Словачка вознемирувале патници на лет кон Скопје, еден е приведен, а на 10 им е забранет влез во земјава

/

пред 312 дена

Сподели преку :

Еден навивач од Словачка е приведен, а на 10 други не им е дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето, соопшти денеска МВР.

– На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини, наведуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава