Борис Писториус, германски министер за одбрана, ја опиша војната со Иран како економска „катастрофа“ и рече дека Германија не сака да биде „вовлечена“ во конфликтот.
Писториус изјави дека Германија е подготвена да помогне за обезбедување на мир откако ќе се постигне договор за тоа, и повика на прекин на огнот што е можно побрзо.
„Да биде кристално јасно, оваа војна е катастрофа за светските економии“, рече Писториус пред новинарите во Парламентот на Австралија.
„Од самиот почеток, не бевме консултирани. Никој не нè праша претходно. Не е наша војна и затоа не сакаме да бидеме влечени во таа војна“, додаде Писториус.
Тој се обрати пред медиумите во главниот град на Австралија, Канбера по средбата со својот австралиски колега, Ричард Марлс.











