Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Плико со експлозив откриено во судот во Солун

/

пред 986 дена

Сподели преку :

Експлозивен материјал содржел сомнително писмо откриено денеска во судот во Солун, а според локалните медиуми писмото било адресирано до еден од претседателите.

Откако било откриено сомнителното писмо, веднаш била информирана полицијата, која ја евакуирала зградата.

Од грчката полиција соопштија дека при рендгенска проверка на писмото било утврдено дека содржи експлозивен материјал.

Според медиумите во Грција, механизмот бил програмиран да експлодира при отворањето на писмото, а специјалната единица на грчката полиција го деактивирала.

Прелиминарна истрага врши солунската Управа за справување со посебни кривични дела на насилство.