Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По 13 години Бугарија и Романија стануваат полноправни членки на Шенген зоната

/

пред 677 дена

Сподели преку :

Бугарија и Романија стануваат полноправни членки на Шенген зоната, по 13 години чекање. Министрите за внаштрешни работи на земјите членки на Европската Унија едногласно одлучија Бугарија и Романија да влезат во Шенген по копнен пат.

Одлуката влегува во сила на први јануари идната година. Бугарите од овој момент ќе можат целосно слободно да патуваат преку бугарско-грчката граница.

Во рок од шест месеци, ќе се задржи граничната контрола меѓу Бугарија и Романија, но таа нема да биде сто отсто, туку слична на контролата што ја вршат земјите од Унијата кои во моментов ги вратија границите. Како пример беше дадена контролата што моментално се случува меѓу Австралија и Германија.