Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По два и пол месеци Петар Богојески ја напушта директорската позиција од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

/

пред 482 дена

Сподели преку :

По два ипол месеци Петар Богојески, актуелниот директор на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност заминува од функција.
За неговото заминување објави самиот на социјалната мрежа „Фејсбук“ преку статус каде напиша дека „договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.“

Богојески на функција дojде на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година. По неговото доаѓање имаше реакции од Европската комисија во одговор на новинарско прашање каде соопштија дека ќе бараат да разговараат со министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на Богојески, наведувајќи дека Комисијата не била вклучена во селекцијата и номинацијата на директор на Агенцијата.